Victouer

Viktor Rust

Victouer (Виктор Ристевски) – продуцент и диџеј од Битола, роден 1994 година.
Страста кон електронската музика, уште од првиот контакт со неа, го инспирира да започне со продукција на негова авторкска музика.
Неговите почетоци се во 2009-та година, на само 15 годишна возраст. За краток период, Виктор веќе се појавува со својот прв диџеј сет, кој остава голем впечаток кај локалната публика, кој резултира со успех на пошироко ниво.
Од Април 2015 година, Виктор е дел од Rikverc, издавачка куќа базирана во Битола, која ја води заедно со Миле Гроздановски.
Инспириран од легендарните Delsin Records (Амстердам), Ostgut Ton (Берлин), како и Clone (Ротердам), продукциски и во изборот на траки, тој се стреми да ги презентира неговите омилени Техно и Хаус звуци.