ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ГОРАЗД ПОВТОРНО ДА КАЧУВА

Вие што подолг период се занимавате со спортско качување веројатно го познавате Горазд, член на СКК Вертикал. Исто така беше и дел од македонската качувачка репрезентација и ја претставуваше Македонија на повеќе меѓународни натпревари. Пред две недели Горазд беше примен во болница во Марибор каде што му беше пронајден агресивен тумор на долниот дел на фемур коската каде што се спојува со коленото. Ваквиот тип на тумор е редок и агресивен.

Во понеделник на 16ти Ноември тој ќе биди префрлен во болница во Љубљана каде ќе му биде извршена биопсија и ќе почни со хемотераписки третмани. Потребни се средства за лекување за кои се надевам дека барем еден дел ќе можиме ние да му ги обезбедиме.

На 22ри Ноември ќе се оддржи болдер маратон во с.Манастир, Мариово. Планот е да маратонот биде од хуманитарен карактер, т.е. средствата собрани да одат за неговото лекување. Котизацијата ќе биде 200 денари. Доколку некој е во можност да придонеси со плус средства, тоа ќе можи да го направи во било кое време на маратонот кај организаторот.
Правилата на маратонот се следните:
Категорија со тежина на болдери до 6c
Категорија со тежина на болдери од 6c+ па нагоре
Победници ќе бидат оние кои што ќе качат најмногу во нивната категорија.
Времето на почетокот на маратонот ќе биди објавено накнадно.Ако имате било какво прашање, слободно обратете се кај мене.
Се надевам ќе не има во голем број, фала ви однапред на сите.

(преземено од karas4training.com)