Аномалиа Натива со своето прво видео издание

Anomalia Nativa - Attention design

Македонското електронско дуо Аномалиа Натива го претстави на јавноста своето прво видео издание.
Станува збор за видео записот на песната „Feelin’ It“ со кој се најавува нивниот втор албум насловен како „Attention“.
Спотот на песната е изработен во соработка со режисерот Огнен Шапковски од Мелем Продукција.

Со ова дело Аномалиа Натива сакаат да ја пренесат позитивната енергија на нивната музика до фановите на бас музиката насекаде. Наскоро нивниот албум „Attention“ ќе биде достапен на iTunes, Amazon, Google Music и сите останати светски музички продавници.

 
Anomalia Nativa

Аномалиа Натива е музичко дуо [од Македонија], составено од артистите Анакреонт xy и Андрејналин. Нивниот стил на музика е подложен на најразлични влијанија, од Jungle/drum and bass, преку хип-хоп, breakbeat, dub, до класична музика. Овие влијанија доаѓаат од нивната досегашна ангажираност во музиката.

Анакреонт xy (на други места, Драган Иванов) долго време работи како продуцент и музичар во македонскиот хип-хоп, и има оставено печат на многу познати дела. Музичките жанрови не ги гледа како бариера, туку како ослободување, па така во своите хип-хоп дела вметнува drum and bass елементи, а во своите drum and bass дела вметнува хип-хоп елементи.

Пасијата кон drum and bass го поврзува со Андрејналин.

Андрејналин (на други места, Андреј Д.) долго време работи како музичар, продуцент и drum and bass диџеј. Неговите дела патуваат низ најразлични жанрови и стилови, и, исто како и Анакреонт xy, за него не постојат жанровски музички граници.

Линкови:

http://www.facebook.com/AnomaliaNativa