Earth Hour

earth_hour_12

Име: Earth Hour
Локација: кафе-бар Данте
Артисти:615 crew

Опис: Earth Hour е најголемиот глобален настан кој ги поврза луѓето насекаде низ светот. Свесноста за штедење на електричната енергија, како еен од најголемите загадувачи на нашата Планета Земја, ги отвори очите на голем број граѓани кои ја започнаа оваа инцијатива во Австралија во 2007 година и со експресна брзина наредната година веќе илјадници луѓе низ целиот свет се приклучија. Целта на овој настан е да се поттикне свесноста за штедење на електричната енергија преку едночасовен мрак низ целата земјина топка, во еден ист момент. Чувството дека си дел од глобалната мрежа на еколошки свесни креатини, активисти го прави овај настан толку посебен и поддржуван од најголемите Влади и држави низ целиот свет.
Во нашиот град, Движење за околината Молика овој настан го одбележива од 2008 година. Првите две години симболично во тогашните простории на друштвото за во 2010 да заедно со Здружението на граѓани Асоцијација 615, организираат забава на свеќи во пивницата Де Ниро, каде цела вечер наместо електричните светилки луѓето се забавуваа на свеќи. Истата традиција се продолжи и во 2011 и 2012 година, каде истиот настан, во ист принцип се одржа во кафе бар Данте. Покрај одбивањето за соработка од локалната самоуправа, иницијаторите на овој настан во нашиот град сепак успеаја да изнајдат начин да се приклучат на глобалниот насан за спас на нашата планета земја.