Апликација за членство

Регрутирање на нови членови

Младите се вклучуваат во организациите од повеќе причини: запознавање нови луѓе, стекнување нови пријателства, развивање и споделување на нивните вештини и способности или едноставно да бидат од некаква полза во опшеството.

На организациите им се потребни нови луѓе бидејќи тие носат свежи и оригинални идеи, ентузијазам, нови таленти кои би ги замениле или придвижиле старите членови.

Нашата организација е непрофитна. Сите наши проекти се остваруваат со ресурси кои ни се достапни: нашата волја, нашата креативност и нашето време. За 4 години постоење, во нашата организација членувале повеќе од 100 млади луѓе кои со својата несебична помош и поддршка придонесоа за успешно остварување на повеќе од 20тина проекти. Нашите проекти се подджани од Европска Унија, Општина Битола како и од многу други јавни установи и приватни компании.

Членови на 615 можат да бидат сите индивидуалци и групи, кои сакаат да се изразат преку било која уметничка форма. Асоцијација 615 ги прифаќа сите оние кои сакаат: да ја истакнат својата скриена имагинација, да се вклучат активно во креирањето културно уметничкиот живот во Битола или да научат нешто повеќе од областа на мултимедијалните уметности.

Со почит,

Здружение за култура и ументост
Асоцијација 615 Битола

Не ја конзумирај културата, Креирај Нова!
www.615asocijacija.org