Проекција на филмот „Detachment“

detachment

Detachment e филм за односите на наставниот кадар со учениците/студентите, наметнатиот брутален и пластичен систем на вредности, оттуѓеноста на луѓето.. Отсуството на внатрешна убавина, креирањето на вистински одбранбени механизми за справување со извештаченоста и грубоста на светот, за да се „преживее“, сочувствувањето со другите, солидарноста и слично.
Филмот сосема кратко ја начнува и темата за пазарната логика и претворањето на училиштата и универзитетите во фабрики кои ќе произведуваат „продукти“/идни работници со ниска критичка свест, кои ќе бидат дел од шаблонот – прилагодба кон потребите на пазарот.

Коренот и суштината на колапсот на вредностите и човековите односи е образованието. Токму затоа, овој филм е одличен.

Гости/н на проекцијата: Слободен индекс

Режисер: Tony Kaye
Главни улога: Adrien Brody
Локација: Малата сала од центарот за култура, Битола
Четврток, 19 декември
Почеток: 20:00h
Влез: Слободен