Проекција на филмот „Blade Runner“

blade-runner-2-movieНе знаеме колку би било прикладно да се трошат зборови за овој култен филм. Класиката која го вивна Ридли Скот(режисерот на „Гладијатор“) во холивудскиот пантеон.

Во филмот се работи за поранешен полицаец, блејд ранер („ловец“ на репликанти), кој што се враќа на своето старо работно место како резултат на неколку репликанти кои се враќаат во земјата со цел да го откријат својот создавач. Тоа се случува во Лос Анџелес – дистопија од корпоративни рекламирања, загадување, летачки автомобили и репликанти (луѓе како андроиди со краток животен век, произведени од корпорацијата Тајрел).

Тема на дискусија: Нихилизмот на техно-капитализамот т.е асоцијалноста, оттуѓеноста на луѓето, пореметениот систем на вредности, индиферентноста кон општествените појави и слично.

Гостин на проекцијата: Артан Садику, магистер по политичка филозофија

Режисер: Ридли Скот
Улоги: Харисон Форд, Ратгер Хаур и Шон Јанг.
Локација: Малата сала од Центарот за култура, Битола

Четврток, 12 декември 2013 г.

Почеток: 20:00h
Влез: Слободен