Positive club – викенд програма

Петок (06 декември), ќе настапат Битолските панк легенди – ПАРКЕТИ кои во ексклузивното интервју пред нивниот настап најавија дека “посетителите ќе си поминат исто, ако не и поубаво од новогодишната вечер”. Целосното интервју можете да го прочитате на овој линк
Aтмосферата пред нивниот настап ќе ја загрева dj Saso Spect

Паркети

parketi

 
 
Сабота (07 декември) – SASO RECYD & Viktor Rust

saso-recyd

Saso Recyd

Кога зборуваме за електронскиот звук во Битола, не смееме да ја изоставиме Битолската Техно-Хаус легенда – Saso Recyd.

Saso Recyd кој е роден во Битола, напорно работи на градење на свој препознатлив звук, кој досега успева да го оствари со феноменален успех.

Давањето на свежината и моќната софистицираност која ја носи неговиот звук, го прави Saso Recyd еден од ретките оригинални забавувачи кој релативно лесно успеваат да го размрдаат подиумот.

Неговите динамични, урбани  и атмосферски посебни звуци креират мостови над празнината помеѓу генерациите каде неговото феноменално  и високо имагинативно, но сепак прекрасно едноставно миксање, постојано ги крева границите и те прави да сакаш уште повеќе.

Како роден перфекционист, посветен и неуморен, тој продолжува со создавањето на хипнотизирачки прекрасна музика.

Viktor RustViktor Rust

Млад продуцент и диџеј од Битола, роден 1994 година.
Големата љубов кон електронската музика, уште од првиот контакт со неа, го инспирира да започне со продукција на негова авторкска музика.
Неговите почетоци се во 2009-та година, на само 15 годишна возраст. За краток период, Виктор веќе се појавува со својот прв диџеј сет, кој остава голем впечаток кај публиката.
Како и во продукцијата, така и во изборот на траки, тој се стреми да ги презентира неговите омилени Техно и Хаус звуци.