Интервју со битолските панк легенди – Паркети

parketi

615: Да замислиме дека вечерта на вашиот настап е крајот на светот и имате по една последна песна да исвирите, која би била ?
[quote]:) Види да е навистина крај на свето јас поќе би сакал да сум со ќерка ми и жена ми и да кажвам некоја молитва одколку да пеам песна од паркети..али пошто ова е хипотетично интервју би ја одбрал “на месечина те заборавив″ зато што таа песна зборва дека љубовта е најважна од се и хипотетички би сакал таа песна да е последна….[/quote]

615: Сашо, дали Симсо е кабадаја?
[quote]Симсо е кабадаја потполковник и е голем пропуст на снимателите на филмот “кабадаја” шо не снимиа ниту една сцена со симсо…али сепак ние учествувавме со песната ацо кабадаја така да е намалена штетата 🙂 иначе песната ацо кабадаја со посебен ќеф секогаш ја свириме во позитив..зато шо таму се собрани сите кабадаи од Битола…[/quote]

615: Дали некогаш името Паркети ви било пречка за да настапите некаде?
[quote]Името паркети само посебе не било пречка али понекогаш газдите на клубовите ги подсеќа на панк и жестока музика и не не викат…поарно ке платат некој шо ке дој со цд и ке изиграва звезда на плејбек него бенд како паркети али то е реалноста …иначе ептен ептен на почетоко ние самите се срамевме шо се викаме паркети..али то беше првиот месец ко го измисливме името[/quote]

615: Дали сте биле на нудистичка плажа и зошто?
[quote]Пред неколку години бев во Хрватска на море и одевне со мојата девојка тогаш на диви плажи и често среќававме нудисти …но на официјала нудистичка не сум бил…еднаш си праевме муабет со пеачката Ребека и таа ми кажваше за нудистичките плажи во Ровињ Хрватска дека биле скроз луди и дури и за неа шо е со отворен ум и било ту мач шо викат…енивеј ние паркети најпоке шо сме биле нудисти е ко деца ко ќе ги клаевме купачите на гла и ке се капевме бугарски во претор…[/quote]

parketi2

615: Што ве нервира во Македонската музичка сцена?
[quote]Моментално ме нервира шо на позициа дојдоа некои екстремно алчни љуге кои направиа монопол со сцената..и за да бидиш успешен мора таткоти да е богат да ти плати спот од 2000 евра и да снимиш песна кај нив за 1000 евра…и цела сцена е со некои симпатични дечиња без никаква искрена енергија туку некоја препотентност која е е бадијала оти тоа на долги стази секогаш се покажува дека нема вредност..за да станиш легенда или ѕвезда шо долго ќе остани неможе таткоти да ти дај пари и да станиш пејач или пејачка..треба срцето да го вложиш и да сватиш шо е уметноста….[/quote]

615: Сашо, што мислиш за новиот закон за таксистите, за англискиот?
[quote]Првпат слушам од вас сеа и извинете шо незнам точно за шо се работи ..јас ко возев такси не постоеше 🙂 абе супер е таксистата да знај англиски..јас лично знам англиски и немав проблем.. али пошто ги познавам повеќето стари таксисти во битола тоа е невозможна мисија за 80 посто од таксистите…реално гледано :)[/quote]

615: Каде за нова година?
[quote]Првен да видиме каде ќе настапиме….иначе дефинитивно нема да сум во кафана или кафич…поќе сакам во некоја викендица со одбрано друштво..или во најдобар случај идеално некаде во Италија на море фамилијарно :)[/quote]

615: Дали за 100 000 еур по член доживотно секоја година би свиреле како бенд на Гавазова?
[quote]За тие пари и Влатко Стефановски и Каролина Гочева на пратечи вокал ке ги викаме 🙂 за 100илјади евра на чоек се 500 илјади годишно ..тоа е пара шо на Шабан Шаулич ќе му свириме па дури и на Синан Сакич 🙂 со тие пари ќе снимиме албум во абеѕ роад студиото во лондон и спот во америка:)[/quote]

615: Симс, од каде инспирација за статусите на фејсбук?
[quote]- За жал Симсо не беше во можност да одговара во моментот ..тоа е кумплицирана операција да се изведи…али јас можам да кажам дака од сите паркети Симсо е тој шо чита најпоќе книги..и кој и ден денес чита.. често така навечер пред да заспие зема некоја книга…[/quote]

sasho parket615: Која е најлудата работа што сте ја направиле во последниов период ?
[quote]Најлудата работа шо сме направиле во последно е шо иако дваесет години се обидуваме да излезиме од мк безуспешно ….сепак снимивме песна на српско хрватски и уште сме убедени дека имаме шанса да одиме иако сите фактори се против нас…али тоа е уствари суштината на паркети да се надеваш и кога нема надеж…иначе фактичка луда работа не прајме поке несме деца во касни 30 ти години сме чоек :)[/quote]

615: Дали планирате некоја соработка со Легионер во иднина?
[quote]Легионеро е наш пријател одамна …почна да рапува снимајки во моето студио уште пред 7-8 години…и по некоја случајност уште одамна лично бев пријател со неговиот татко …но дали ќе прајме соработка незнам …во глобала ние за во македонија неаме некои големи планови…сите наши сили се за соработки со бендови и пејачи од бившите ЈУ простори…наш главен приоритет е да почниме да настапуваме надвор од мк….можеби ќе го викниме некогаш да настапи со некоја песна на некој наш концерт[/quote]

615: Дали ве нервира кога ќе свирите на ламинат?
[quote]Kога свириме на ламинат убавезно користиме чевли со дебел ѓон и внимаваме да не сме во допир со него оти добиваме алергична реакциа…и убавезно имаме во нас ментол бонбончиња оти тие ја ублажуваат алергиата ако по некоја случајност настани…а ако и бомбоните не поможат онда под хитно треба перлон чорапи да се обелечат и да пуштиш музика од ханка палдум викајки јас сум паркет а не ламинат…..[/quote]

615: Овој петок настапувате во Позитив, што да очекува Битолската публика?
[quote]Па овај петок во Позитив ке се потрудиме љугето да си поминат исто ако не и поубо од шо ке си поминат за новогодишната вечер…се разбира најбитно е љугето да си поминат различно од вообичаената рутинска вечер во која е исто, па исто, па си бегаш дома разочаран од едноличноста на ноќниот живот…но нашиот страв од гремлини е голем и се надевам англеите ке не чуваат од гремлини и малери и ќе можиме 100 процентно да го дадеме паркетското…и ако има убај мачиња кои ги мрдаат своите убај задничиња автоматски ке ги развеселат и машките и тогаш сите ќе бидме среќни и весели ….[/quote]

Позз паркетски се гледаме в петок во Позитив