Underground – во буквална смисла

underground kontrol 3

Филмот Underground Kontrol ви прикажува едно автентично искуство на урбаните истражувачи. На околу 20 метри под нозете на парижаните откријте го Градот на катакомбите, заедно со негалните пешаци наречени “катафили”

На површината, се забрзаните чекори на жителите на еден од најграндиозните европски метрополи. Под градот е онаа страна која не е покажана на разгледниците: катакомбите. Оваа античка мрежа има пространство над 300километри, а се наоѓа само на 25 метри под парискиот тротоар. Овој подземен лавиринт е непознат за големиот број на луѓе, а пристап имаат само мал број на “катафили”. Точките за пристап имаат намален животен век и постојано се обновуваат.Дискреција и тајните се белегот на “андерграунд” заедницата која се труди да ги зачувува овие познати места од париската историја. Достапноста на овие галерии, денесе само поради неколку напорни “катафили” кои неуморно пуштаат барања до инспекторатот, и се борат за тие да не бидат повторно затворени.

Френсис,Фабио и Игор се дел од овај мал број на луѓе. Тие им пркосат на забраните само со цел катакомбите да продолжат да живеат.  Нивната нова цел е да сеорганизира фестивал во чест на ослободувањето на Париз во симболичен простор на оваа подземна мрежа: седиштето на Внатрешната опозиција на чело со полковникот Rol – Tanguy, каде започна востанието во Париз, на крајот на Втората светска војна, кое моментално се наоѓа буквално под зградата на Меѓу владината конференција, кај плоштадот Denfert – Rochereau.

Само храброста не е доволна за успешно да се изведе овајпроект. Доволно опрема, прецизни машини, професионалност и упорност се едни од основните компоненти за да се заврши овој проект во срцето на ” рајот на подземјето.” Underground Kontrol ви дозволува да го доживеете ова автентично искуство на урбаните истражувачи, кое сега е веќе глобално движење, а овие неколку неуморни “катафили” можат да се пофалат дека се првите иницијатори. Пеколен филм.