“Уличен Тренинг” (Street Workout)

ПРОЕКТ: Младинска размена “Уличен Тренинг” (Street Workout Volume 1)

Број на учесници: 50
5 – 15 Јули 2014
Битола Македонија
Галерија Уличен Тренинг – 1

Едноставно кажано “Street Workout” претставува тренинг со сопствена тежина кој се изведува на отворено, со користење на расположлива инфраструктура во парковите, стадионите, детски игралишта, градилишта (буквално на улица)

“Street Workout ”исто така важи и за “заедница” која содржи одредена филозофија, начин на живот и е дел од модерната урбана култура. Интензитетот и разновидноста на постоечките вежби помогнува да се креира и одржува силно тело и одлична психичка состојба. Вежбите се динамични и многу од нив содржат акробатски елементи, кои го прават уличниот тренинг многу атрактивен за гледачите.

Уште од старите времиња вежбите од уличниот тренинг биле користени и тоа од спортисти, спортски клубови и во воени организации за да изградат психичка сила. Вежбите од уличниот тренинг се дел од едукацијата во основните и средните училишта во најголемиот дел од светот.

Во последните неколку години движењето на уличниот тренинг стана многу популарно и значително се прошири благодарение на интернетот, социјалните мрежи и трудот на Street Workout and Calisthenics Federation .Милиони мажи и жени ширум светот редовно вежбаат. Прв пат во историјата федерацијата за “Street workout ”започна и продолжи да организира натпревари во ова дисциплина, тоа придонесе за “Street workout” да стане посебна спортска исциплина.

street workout (1)
Добри страни на Уличниот тренинг:

Атрактивни и модерни продукти
фокус на здравје и фитнес, вежби достапни за сите без многу вложување, спектакуларни за гледачите и во живо и на телевизија.
Достапни за сите возрасти, сексуалности, социјални групи и без финансиски ограничувања.

Целите на оваа Младинска размена се:

Да се промовира културната разновидност и заемно почитување меѓу младите луѓе преку “Уличен Тренинг”;
Да се промовира Youthpass клучни компетенции и ги развијат за време на размената
Да се зголеми мобилноста меѓу младите луѓе од проблематични урбаните средини преку Програмата Млади во Акција.

Преку оваа младинска размена, Асоцијација 615 беше домаќин на 10 организации во Битола, Македонија каде имаше 50 учесници од Македонија, Португалија, Франција, Латвија, Шпанија, БиХ, Хрватска, Грузија, Косово и Србија.
За остварување на целите се користea информални и неформални методи.

Овој проект е финансиран со поддршка од Европска унија – програма Млади во акција