#TrapDaFuckUp на плажа Оревче

trapdafuckup-orevcheНа 25 јули (петок) на плажата Оревче (Градиште 4) ќе се одржи забавата наречена #TrapDaFuckUp.

На овој серијал на забави се презентира најсвежата музика од светот на трапот, а на големо задоволство на љубителите на овој правец серијалот гостува во Охрид.

На летното издание на #TrapDaFuckUp на плажата Оревче ќе настапат електронското дуо Anomalia Nativa, хип-хоп артистот Кацар и диџеј Bass Infusion.

Почетокот на овој целовечерен настан е закажан за 22ч, а влезот чини 100 ден.