СОНУС фестивал 2016

sonus-2016-line-up

Ако се уште не сте одлучиле каде да го поминете вашиот летен одмор, ви предлагаме да го посетите Sonus Festival кој се одржува од 21-25 Август на плажата Зрче, остров Паг – Хрватска. Со здружени сили на три дискотеки (Aquarius, Kalypso, Papaya) и со завидна програма која нуди од журки на брод до ‘aфтери’ до попладневите часови овај фестивал е синоним за добра забава и веројатно незаборавно искуство.

Цената на картите се движи од 38 евра за забава на брод, па се до 249 евра за VIP карта, а стандардната цена е 179 евра. За сместување би требало да одвоите од 20 до 50 евра од ноќ. Најевтина опција за сместување е камп, а цените се движат од 14 евра па нагоре.

Наведуваме само некој од изведувачите кој ќе учествуваат на овогодинешното издание: DANA RUH, BELLA SARIS, RØDHÅD, RICARDO VILLALOBOS, Marco CAROLA, MACEO PLEX, LUCIANO и уште многу други.