Проекција на „ V for Vendetta / O за Одмазда “

v-for-vendeta

Филмот е базиран на истоимениот стрип на Алан Мур, а е режиран од креаторите на трилогија Матрикс – Вачовски. Во филмот главниот протагонист V е анархист кој организира серија терористички напади во дистописка Англија и пробува да го крене народот на револуција.

Филмот опфаќа теми како слобода, персонална одговорност, радикалност, опресија на државата, активизам и тероризам.

После проекцијата, ќе се дисктуира за; активизмот во Македонија, позитивните и негативните примери кај нас, колку е тој (нe)успешен, со Горан Јанев, член на Солидарност и проминентен антрополог во светски рамки.

Локација: Maлата сала од Домот на културата
Почеток: 20:00h
Влез: Слободен

Активноста е во рамки на проектот „Акциска мрежа за добро владеење“, спроведуван од Метаморфозис во партнерство со МЦЕТ и Реактор, а со финансиска помош од Европската комисија преку програмата IPA CIVIL SOCIETY FACILITY (CSF) 2012-2013