Продолжува акцијата за помош на Жарко Јовичиќ

zarkoПродолжува акцијата за помош на 23-годишниот битолчанец, Жарко Јовичиќ. Неговите пријатели и другари организираат хуманитарни акции и забави со цел да соберат парични средства кои му се потребни за операција. Неговите другари ни испратија порака во која не информираат за неговата состојба велејќи дека конечно може да кажат нешто позитивно.
Велат:
„Ракот на синусите на Жарко Јовичиќ рапидно прогресираше и се рашири достигнувајки до одредени места на вратот афектирајќи жлезда со што првичната операција ја направија покомплексна и пообемна и затоа таа мораше да биде поделена на два дела. Првиот дел од операцијата во саботата успешно помина со тоа што хирурзите успеаја да остранат поголем дел од туморот во пределот на главата односно очите, меѓутоа мал дел остана на оптичките нерви за кој што после двата зафати ке мора да се користи хемотерапија во времетраење од неколку месеци за да се отстрани. Вториот дел од операцијата треба да се изврши откако Жарко ке заздрави,бидејќи моментално се наоѓа на интезивна нега. Со ова сакаме да се заблагодариме на граѓаните кои досега донираа меѓутоа и да дадеме до знаење дека нивната помош и хуманост и натаму е потребна,” велат пријателите на Жарко.

Донации за корисниците на One 075 143 450
Донации за корисниците на VIP 077 143 500
Донации за корисниците на T-mobile 070 143 173
Cо секој повик донирате 100 денари + 18% ддв.
Трансакциската сметка на која може да се уплатат средства за помош на Жарко е Стопанска Банка – А.Д. Скопје: 200002240643053.

извор: tera.mk