Почетоците на Верхаус / Рејв културата

sunrise

Точно во два часот наутро, во согласност со многу строгите законски прописи, осветлувањето во Hacienda се палеше – тоа го означуваше крајот на вечерта. Од висината на диџеј кабината се слушаше рикањето на играчите, залепени за подот, во полн полет на енергија. “ – (Лорен Гарние)

Токму тоа задолжително затворање на клубовите во два часот наутро ги правеше англиските ноќи митски. Алтернативата се наметна сосема природно, во сразмерна тајност: верхаус забавите, импровизирани вечери организирани со голема смисла за план Б, во станови или складишта во предградието. Сите музички стилови ја имаа честа да бидат изведувани: реге, хаус, електро, американскиот хип хоп. Во публиката се мешаа црни и бели, шминкери, скејли и студенти, обединети во потрага по истото: забава што ќе трае до утрото.

Тој дух својствен за вер-хаус забавата, кој го сочинува окупирањето на едно место и преземањето на контролата над него во анархија и добро расположение, во текот на повеќе десетици часови, неколку месеци подоцна ќе ја роди рејв-забавата.

Во Манчестер, алтернативата за таа фрустрација, односно завршувањето на забавите во два часот наутро, се наметна природно. Со доаѓањето на асид хаусот и екстазито, се промени концептот на верхаус забавите и се роди нов облик на забава – рејв. Илегално, се разбира, што беше составен дел од целата приказна, но хармонично и со силата на волјата, благодарение на која тој феномен наскоро ќе стане неодминлив.
Суштината на рејвот беше слободата. Волјата да се игра со музика додека не се смири жедта. На некои им провриваше мозокот во настојувањата да ја решат едноставната равенка – “Зошто да не се направи уште повеќе? Зошто да не се постави озвучување на отворено, на пример, среде поле, и музиката да се пушта така, докрај” Сите да уживаат во неа.

apocalipse now
Во 1988 година во Лондон, Tony Colston Hayter, млад промотор со репутација на голем играч, организираше вистински рејв-забави во Англија. Неговата забава наречена Apocalipse Now, се одржа август 1988-та во студијата на Вембли. Тој ја повика телевизиската екипа на ITN News да го сними настанот, за го претстави на јавноста, а со тоа ги испровоцира претставниците на власта. Охрабрен од првичниот успех, организираше вечери наречени Sunrise и доживеа полицијата да му ги изамрси амбициозните планови. Но, и покрај се, реши да продолжи, и од рејвот направи вистинска криенка: местото на настанот се држеше во тајност се до отворањето, а рејверите стигнуваа до него со помош на упатства на инфо-линиите. Инзвестувани преку флаери кои содржеа минимум податоци (датумот на забавата и местото на средбата, додека диџејот не беше воопшто споменат.), кои беа делени при затворањето на клубовите.