Нови имиња во разнобојната програма на Сигет!

Нови имиња во разнобојната програма на Сигет! 

Оваа година Madness, The Bloody Beetroots, Kelis и уште неколку други, ќе се приклучат на веќе престижната музичка програма на Островот на Слободата. Дневниот распоред од веќе објавените артисти можете да го погледнете на http://szigetfestival.mk/programs.

Сигет дефинитивно е совршена дестинација за ова лето  за сите оние што бараат забава и летување во исто време!  Фестивалот годинава ќе се одржи од 11-18 август, а влезниците по намалена цена, како и организиран превоз може да се набават во мрежата на Купи карти за сè  и он-лајн преку нашата вебпродавничка!



За новите имиња:

Madness … Оформени во 1976 во Camden Town во Лондон, тие се едни од водечките групи во светот на ска музиката! Нивните настапи на Сигет во минатото докажаа дека вистинската ска забава ја чинат танцувањето и пеењето, а сигурни сме дека така ќе биде и годинава. Настапот на Сигет ќе биде во склоп на нивната светска турнеја.

The Bloody Beetroots исто така ќе го кренат адреналинот на сите Сигетанци. Можеме да очекуваме хардкор електро хаус со енергичен перформанс на кој ќе полудат илјадници луѓе.

Kelis, американската поп икона, е една од најбараните ѕвезди со нејзините шест студиски албуми и триесетина сингла. Во соработка со Ninja Tunes, овој април го издаде нејзиниот најнов албум „Food“ и подготвена е да донесе квалитетна поп музика и разноликост на Сигет!

Leningrad станаа носители на андерграунд сцената на 21от век. Главниот погон на бендот е ска зачинет со панк, но исто така и со руски маршови, денс и фолк песни.

Band of Skulls е трио од Саутемптон, чиј најнов албум „Himalayan“ беше издаден во март. Сигетанците ќе може да уживаат во динамичниот, но и мистичен звук на бендот предводен од Russell Marsden.

Triggerfinger, најгласниот рок бенд од Антверпен, се враќа на Сигет! Нивната музика варира од традиционален динамичен, па се до емотивен ,,олд скул” рокенрол.

Deniz Koyu е човекот кој стои зад хитовите „Tung“, „Hertz“, „Bong“ и „Follow You“. Присуство на неговиот настап е задолжително за сите љубители на прогресивниот електро хаус.

Thomas Gold е исто така дел од актуелната реномирана диџеј сцена. Од неговото деби во 2006, овој германски артист успеа да израсне во еден од најпризнаените и најценетите продуценти на модерната денс музика.

И, Quentin Mosimann е еден од новите, најзабележителни диџеј/продуценти на француската електро сцена.

Black Sun Empire се едни од најдобрите дарк техно-драменбејс диџеи. Откако се појавија на музичката сцена во 2000, па се до денес, тие продолжија да го развиваат својот уникатен стил и звук, издавајќи голем број синглови, но и пет LP изданија, со што го зацврстија своето лидерско место во овој стил на музика.

INVSN (се чита „инвејжн“) изразнаа во пејсажот на субкултурата и се водат од страствениот хардкор панк дух обвиен со богата историја на рокенрол. Овој шведски бенд носи во себе моќен поп, но гледан низ ,,пост-панк” очила…