Концерт “Максимум КРАФТВЕРК” во Битола

max-kraftwerkНа 4-ти јуни со почеток од 20 часот во Центарот за Kултура ќе се одржи концеротот “Максимум Крафтверк”. На овој концерт ќе биде изведена музика од култната група Крафтверк со нови аранжмани на песните и атрактивени визуелизации.

Maximum KRAFTWERK” е прв кавер проект на овие простори, но и пошироко кој звучи автентично на легендарните KRAFTWERK, а сепак не се користени никакви додатни матрици.

“Голем предизвик е изведбата на најголемите хитови на Крафтверк во живо” -истакна Владимир Димовски член на Каверленд во чија изведба ќе биде концертот.

Проектот “Coverland” e проширен состав на поранешниот бенд “Air Strings” кој учествуваше на сите поголеми фестивали во Македонија, но и фестивали во Холандија , Германија како и отворање на “Денови на Македноска култура” во Бања Лука.

Каверленд изведува преработки на најпопуларните хитови од светските топ листи со drum and bass и house ритам . Целта на членовите на Каверленд е секоја преработка да ја доближи до оригиналната верзија на секоја песна без да користи додатни компјутерски матрици, односно секој елемент во секоја песна е изведен во живо.

Нивната изведба е доста динамична и звучи концертно.