Клубот Ostgut – сегашниот Berghain

nightclubbing-ostgut-titleКлубот Berghain во Берлин важи за еден од најдобрите техно клубови на планетата. Сите кои имаа слушнато за него ги имаат слушнато и приказните за забавите кој траат со денови и за диџеите кој ја напишаа новата дефиниција на поимот техно. Но, она што многу луѓе не го знаат е тоа дека Berghain имаше свој предходник: Ostgut, клубот кој се отвори во 1999 година, а се затвори во 2003 година, кога беше разрушен за да се направи поголем простор за изградбата на познатата О2 арена. Клубот Ostgut беше врската помеѓу клубската сцена во Берлин од 90тите година, која во тие периоди „беснееше“ во напуштените градби во главниот град на поранешна Источна Германија и денешната космополитска сцена поткрепена од илјадници фанови секој викенд.

Влегувањето во клубот не беше некоја голема работа како што е денеска, сето тоа траеше само неколку минути. А само момент подоцна се наоѓаш пред еден од огромните панели кој го оградуваа подиумот. Гардеробата во која имаше и огромни софи се наоѓаше на левата, а тоалетот и еден помал бар се наоѓаа од десната страна, додека пак главниот бар беше поставен зад подиумот.

Никој не се ни трудеше да го сокрие фактот дека првичната намена на ова место било за поправка на возови. Но сепак тоа не спречуваше за дизајнот и ентериерот да бидат смислено дизајнирани. Главна улога во клубот имаше подиумот. На ова место не постоеше посебно место за пушачи, немаше ресторан, градина, уметнички дела на ѕидовите и никогаше не се одржуваа концерти и не подржуваше никаква издавачка куќа.

Во тоа време во Берлин клабингот не беше толку добар. Техно револуцијата беше пред скоро 10 години, а изгуби голем дел од својот ефект со затворањето на клубот E-Werk во 1997 година. По речиси една деценија друшење и забава на нелегални и полу-легални места, клубот што го одбираш кажува повеќе за тебе одколку музиката која ја слушаш. Така што богатите одеа во едни, а сиромашните во други клубови. Но тоа не беше и случајот со Ostgut. Наместо да се удриш во шефот од работа, можеше да се најдеш до некој разигран 60 годишен старец кој ужива во музиката. Во Ostgut не се работеше само за една сцена, или колку ти е висока платата или на која група припаѓаш. Се се сведуваше само за забава.

За разлика од E-Werk, Ostgut беше првиот клуб кој имаше резиденд диџеии. На повеќето места можеа да се видат многу интернационални ѕвезди, но во Ostgut никогаш не се букираа познатите ѕвезди од 90тите. Напротив, тие им веруваа на интинктите. Па така André Galluzzi, кој тогаш се преселил од Франкфурт во Берлин беше ѕвездата на Ostgut. А пак кога Marcel Dettman (кој сега е еден од главните диџеии во клубот Berghain) му дал своја демо касета, добил повик: „Ја слушавме твојата демо касета додека расчистувавме и уживавме во музиката“.

nightclubbing-ostgut-flyer

Кога Ostgut се затвори во 2003 година, никој не очекуваше дека ќе се најде нова, соодветна локација за таков клуб. Но основите на Ostgut, со својот висок плафон, интимен панорама-бар, одличен подиум, беа успешно реконструирани во Berghain.

Многу посетители на клубот кој пишуваа по форуми за затворањето, велат дека во Ostgut никој никогаш неможел да се чуствува премногу млад или премногу стар, премногу дотеран или преобично облечен, премногу сиромав или премногу богат.