Југотон – Источно од рајот 1947-1991г.

Во оваа пригода ви ја претставуваме изложбата на дискографската куќа Југотон поставена во Техничкиот музеј во Загреб од 20.10.2014 до 30.11.2014. Ако во тоа време се најдете во Загреб, топло ви препорачуваме да ја посетите.

jugoton2Имено, се работи за мултимедијална изложба на поп културата, технологијата, продукцијата и производството на најголемата издавачка куќа во поранешна Југославија. Југотон е осован во 1947 година во Загреб, на почетокот замислена како дискографска куќа која е определена за издавање на народна и фолк музика, набрзо се проширува со издавања на поп и рок музика и станува клучен фактор во обликувањето на поп културата. Под каталошки број Ј-1001 првата плоча е синглица* која содржи две традиционални далматински песни во изведба на Zagreb Male Quintet. Првата година се издадени 33.000 примероци од материјал/шелак, а во 1956г. започнува производството од винил со микробразди и долго-свирaчка содржина (Long play/LP).

На изложбата се прикажани голем број омоти од грамофонски плочи, постери, фотографии, и скици од голем број домашни и странски автори.

Техничкиот аспект на изложбата го прикажува процесот на изработка на грамофонски плочи и касети од фазата на снимање до репородукција, а можете да ги видите и истите оние машини на кои се произведени иљадници плочи и касети од домашни и странски автори.

[foldergallery folder=”wp-content/uploads/jugoton” title=”Jugoton”] Автор: Marko Lukunić  |  Извор: Pixsell