Историјата за Cubase

Многу од денешните популарни софтвери за прв пат се појавуваат на стари и не толку моќни машини како оние на кој сме навикнати денес. Како на пример, првиот пакет на Office потекнува од компјутери на база на DOS, додека првата windows верзија излегува дури во 1985 година. Така што првата верзија на Windows беше претставена како подобрена верзија на Office за PC.

Во тој контекст започнува и историјата на Steinberg’s Pro 24 и Cubase.

pro24Почетоците на  Pro 24 датираат уште пред Atari ST, кога Karl Steinberg и Manfred Rürup, развија и издадоја MIDI секвенца за домашните Comodore 64. Но, бидејќки Comodore, немаа вграден MIDI интефејс, таков мораше да биде вграден во пакетот со софтверот, кој исто така делуваше и како еден вид на заштита од копирање. Сепак, без интерфејс софтверот беше бескорисен. Треба да се земе предвид дека ова се случува во 1984 година, во почетокот на MIDI револуцијата. Се појави и  недостигот на меморија кај Comodore 64, а интерфејс за тастурата ќе ги направеше работите многу покомплексни при уредувањето, но тоа можеше да работи само со сложени MIDI секвенционирања.

Потоа на пазарот излезе Atari ST, кој доаѓаше со вградени MIDI портови и со  интерфејс контролиран со глуфче, каде се јави можноста да се изработи професионален производ кој ќе може да се користи на секаде без дополнителен интерфејс. Ако производот му се продава на музичари, нив ќе им треба софтвер, а ако беа меѓу првите, тогаш имаа големи шанси за успех.

Pro 24 ги имаше основните принципи на Pro 16, но овозможуваше повеќе траки одколку што имаше MIDI канали, со што му дозволуваше на траките да ги споделуваат каналите и имаше бројни екрани за уредување, меѓу кој и уредувач на листи. Pro 24 исто така ја искористи предноста на висока резолуција кај ЅТ, иако можеше да се работи и на средна резолуција.

Секоја од 24те траки имаа свои опции и подесувања за MIDI канал, глас, висина на звук и глобални подесувања за да се промени брзината на секоја нота до одреден степен. Бидејќи ги имаше превземено основните принципи од Pro 16, во тоа време беше наједноставниот софтвер за совладување. Посоодветните надградби обезбедија дополнителни функции и го рационализираа интерфејсот. Основно уредување за прв пат излезе во верзија 2 и беше подобрено во верзија 3.

steinberg-12Steinberg исто така ја понуди и скратената верзија од Pro 24 наречена Twelve (дванаесет), која имаше можност за 12 траки и само една опција за уредување во форма на пресечена листа за уредување. Основниот интерфејс остана ист и софтверот ги задржа MIDI активностите во форма на столбови на долниот дел од екранот, кое подоцна прерасна во синоним за Steinberg софтверот. Изгледот малку се промени, но во смисла на карактеристики, настрана од недостатокот на траки софтверот беше скоро ист со верзија 1 од Pro 24 кога беше издадена, иако во тоа време Pro 24 веќе беше до верзија 3.

cubitSteinberg конечно го објави наследникот на Pro 24 – Cubit во 1989 година и го претстави новиот интерфејс. Поновата верзија на Pro 24 дозволуваше  надворешен интерфејс да биде користен кој пак овозможи SMTP сихронизација и косристење на дополнителен MIDI интерфејс. Cubit исто така го претстави дополнителнио мулти-таскинг за ЅТ операциониот систем, наречен MROS, кој овозможи Cubit да работи заедно со други уредувачи за звук поради сихронизација и дополнителата MIDI интерфејс опрема.

Новиот интерфејс претставуваше целосно заминување на стариот интерфејс на Pro 24, овозможувајќи да се прегледува секој дел од секоја трака и лесно движење низ нив со глувчето. Десниот клик ја отвораше листата со алатки за да се променат основните карактеристики на глувчето, од обичен покажувач до бришач и алатка за лепење на траките. Нови опции за уредување вклучуваа Interactive Phraze Synthesizer (I.P.S.).

Сепак имаше облак на хоризонтот. Некој веќе ги имаше правата на името Cubit, и ако им се верува на некој гласини од тоа време, Cubit беше срамен збор на француски. Која и да е вистината името беше сменато пред самото издавање на софтверот и од Cubit стана Cubase.

Сепак, не се одеше така лесно, многу корисници се жалеа дека недостасуваат столбови во споредба со Pro 24 и иако Steinberg на почеток велеше дека ги избришале бидејќи биле непотребни, подоцна вети дека ќе ги врати назад во верзија 2 од софтверот, но бидејќи надоградувањето на софтверот дополнително се плаќаше, корисниците повторно беа незадоволни. Бидејќи ова се почесто се споменуваше во музичкиот печат и многу корисници велеа дека ќе продолжат да го користат Pro 24, Steinberg ги додаде MIDI столбовите во надоградената верзија на Cubase.

Кога стигна до верзија 3, Cubase веќе стана зрел и моќен секвенцер, и ја започна транзицијата на други платформи. Macintosh на Apple и РС на Windows сега имаа сопствена верзија од Cubase, која можеше да чита фајлови од Atari, а Atari можеше да чита фајлови од  Macintosh и РС. Верзија 3 исто така воведе идеа за модулатор од повеќе уредувачи, така што MIDI Mixer, System Exclucive editor, Interactive Phraze Synthesize и други ќе можат да работат одделно и да се избришат ако има недостаток на меморија.

Steinberg-Atari-Cubase-Audio-Falcon-2.06Верзија 3 е исто така основата на Cubase Audio, која беше компатибилна со основниот Atari ST/TT, но и со надоградениот Atari Falcon, кој можеше да снима на хард-диск и да снима напредни аудио обработки. На Atari ST/TT, за Cubase Audio беше потребен надворешен рекордер како Yamaha CBX. Истото ова беше потребно и за Macintosh, но како што софтверот напредуваше, снимањето можеше да се направи на компјутерот исто како кај Atari Falcon, но тоа беше во 1995 година,  3 години по падот на Atari Falcon и кога РС на Windows го превзеде пазарот.

Cubase-LiteНо да се вратиме назад во 1991 година, кога Steinberg го направи со Cubase, истото што предходно го направи со Pro 24 и Twelve и ја изваде скратената верзија наречена Cubase Lite. Иако овде беа достапни многу повеќе траки одколку на Twelve, сепак на многу други начини беше ограничен што на сите им изгледаше лудо, бидејќи за истите пари можеше да се купи целосна програма со сите додатоци, но никој немаше размислено за квалитетот на снимките од Cubase и тоа дека од Cubase Lite квалитетот беше далеку подобар. Но, во доцните 90-ти Cubase Lite се продаваше како бесплатен софтвер во Германски музички магазини.  Cubase никогаш не стигна да се продава бесплатно бидејќи ја спречуваше пиратеријата и длабоко во кодот секогаш имаше вградено заштита од копирање.

Cubase продолжи со сличен интерфејс долго откако верзијата за Atari веќе не беше подржана. Првиот ре-аранжман пристигна дури кон крајот на 2000 година со издавањето на Cubase VST 5. Ова сепак содржеше некои кодови кои датираа уште од времето на  Atari, но се се смени во 2002 година кога кога беше издаден Cubase ЅХ, кој ги остави зад себе сите кодови од Atari и беше првиот Cubase кој се оттргна од веќе воспоставениот Cubase интерфејс кој за прв пат се појави на Atari ЅТ.

Cubase е сеуште достапен и сеуште се развива од страна на компанијата Steinberg и повеќе информации можете да најдете на steinberg.net. Cubase за Atari е сеуште достапен на овoј сајт и сајт како ebay.