Хаус Музика

Хаусот потекнува од Чикаго и претставува продолжение на диско музиката и фанкот, но има потврд звук и нема логичка структура – барем немаше во текот на првите години. Додека диското нудеше долги варијанти на песни составени според моделот стих-рефрен / стих-рефрен / долга пауза / стих-рефрен, хаусот беше претежно инструментален, прочистен од сите диско-орнаменти – полет на виолини и хорови; зачувано е само ритмичкото пулсирање.

Во првите хаус продукции, кои ги потпишуваат Marshall Jefferson, Farley Jack Master Funk и Lary Heard во 1985 година, се користеше гимик-вокал, односно зборови од песни со омилените диско теми (љубов, играње и секс). Потоа вокалите ја забубија својата цел, јавувајќи се само како низа испрекинати синкопирани гласовни обрасци. Во тоа се состои посебноста на чикашкиот хаус: гласот се користи како инструмент, се повторува, се преработува.
Исто така, интересен факт e  тоа што хаус музиката во Манчестер и Чикаго најнапред ја прифати црнечката заедница.