dj HEIDI @ МКЦ Скопје

Win Music Freedom по одличните журки со MISS KITTIN, SOLOMUN,HOSH и PAN-POT ни подготвува журка и има чест да ни ја претстави HEIDI, жената која во последната декада стигна до позиција лидер во презентација на најквалитетната андерграунд хаус и техно музика.

Таа го живее сонот на секој диџеј на планетата уредник е на емисијата “Residency” на глобално популарното радио “BBC radio one”. Како диџеј има настапи на речиси сите фестивали, како и во највлијателните клубови во свет како што се “Watergate” Берлин, “Panorama bar/Berghain, “Fabric” Лондон итн.

На 5-ти Ноември доаѓа за прв пат во Скопје, а журката ке се случи во култниот Младински Културен Центар.

Локална поддршка: Dj Flooder и Maci Stojanovic