Диско топката се уште живее

disco-ball

Диското за некого е можеби мртво, но во еден осамен дел во фабрика за огледала од Кентаки, диско топката се уште живее. Omega National Products, е последниот амерички произведувач на рефлектирачки диско топки што ги красат подиумите.

Пред 40 години оваа фабрика со тогашните 25 вработени, произведуваше 25 топки на ден, а денес само една вработена ги извршува задачите поврзани со испорака на нарачките и месечно произведува 15 до 20 топки. Како што самата Yolanda Baker вели, крив за пропаѓањето на ова производство е John Travolta, кој откако престанал да прави „шема“, пропаднало и диското.

Меѓутоа, пазарот на диско топки не згасна целосно, а нивното производство го презедоа кинески фабрики кои произведуваат многу поевтини варијанти. Разликата е евидентна и во цената па така топката на Baker чини 125$, додека кинеската 25$. Поради лошиот квалитет на материјалите, таа има презир према увозот на такви топки. Како што вели: тие не даваат светлина како нашите и кратко траат.

Огромна топка со размер од 3 метри беше изработена оваа година и претставува сведоштво за историјата на производство, а градоначалникот на Луисвил го прогласи први Април за ден на диксо топката.

Во 1917 година, Louis Woeste од Newport го патентира овај „безброен рефлектор“ кој произведува блескав и импресивен ефект додека се ротира и кога е осветлен. Неколку години подоцна, во весник за електроника тој го рекламира својот изум: „најновата иновација е она која ќе ја промени салата во земја од бајките“. Во 1970, овај изум станува главната атракција и завзема централно место на подиумите.