Дали вака ќе изгледа миксањето во иднина?

dedm5-ns

Deadmau5 објави едноминутно видео, во кое ни го представува тестирањето на новиот диџеј-софтвер со екран на допир, за кој тој вели дека „е сеуште во развојна фаза“

Канадскиот диџеj, кој го гледаме како ги поставува виртуелните копчиња во видеото, напомена дека е во соработка со Microsoft во врска со целиот проект, но не откри никакви други детали.

Со тоа што сега Traktor може да се користи на iPad, изгледа дека миксањето на екран на допир завзема значајно место во иднината на денс музиката, што пак понатамошно ја разгорува војната помеѓу дигиталното и традиционалното миксање.
Погледнете го видеото подолу за да го видите Deadmau5 како го работи новиот софтвер.