Conquering Lion го објавија својот трет албум – „Revelation“.

conquering lionConquering Lion на 22 ноември го објавија својот трет албум – „Revelation“.
Овој албум е малку поинаков во споредба со нивните два претходни албуми. Концептот и енергијата на овој албум се движат од рутс-реге звукот кој преминува во даб и продолжува кон подинамични моменти. Приказната на овој албум е бунт директно насочен кон регулативите на системот, ограничувањата и алчната страна на човечката природа.
‘Revelation’ содржи девет нови песни кои создаваат една подлабока приказна која ги потенцира препреките кои го држат човештвото подалеку од духовното и ментално издигнување. Овој албум вклучува две соработки, едната со артистот од Јамајка, Доналд Минот (Donald Minott) и другата со српскиот артист Дарка Рајиќ.
Музички еволуирано, ова свежо издание ќе донесе добри вибрации за вашиот слух и дух.
Брака и сестри, подгответе се, бидејќи ‘Revelation’ (откровение) е на вашиот праг.“ – велат момците од Conquering Lion.

Албумот можете да го симнете бесплатно од сајтот на пасворд продукција или на овој линк.

„Revelation“:
01. Wicked Man
02. Confidence
03. War Pon Dem
04. Fear
05. No Jealousy (feat. Darka Rajic)
06. Trickster’s End
07. Plant more… (feat. Donald Minott)
08. Earth of Love
09. Triumph