BRIAN MAYHALL (live) во Hauzbar

hauzbar-poster

Hauz Bar и Electrified Sessions ве покануваат на гостувањето на електронскиот продуцент од Санта Фе, Америка – Брајан Мајхал.

Брајан Мејхал (Brian Mayhall) е музичар и продуцент кој живее во пустинските планини на Санта Фе, во сојузната држава Њу Мексико, САД. Свирејќи над дванаесет години како басист и клавијатурист во пост-рок-психоделичното-техно трио D Numbers, Брајан е искусен изведувач кој е запознаен со широк спектар на музички контексти: од настапи на меѓународни музички фестивали до настапи во подрумите на студентските градови и денс забавите под ведро небо. Во 2011 година тој започнуваа да ги изведува своите соло настапи кои набрзо ги освојуваат сите срца и подиуми низ светот. Со интригантно монтираните вокални семплови, длабоките битови и мелодичните текстури, живите настапи на Брајан Мејхал претставуваат сонични доживувања кои ја одразуваат несопирливата природа на неговото опкружување. Тој е соосновач на издавачката куќа Mesa Recordings за која го објавува својот дебитантски албум во 2013 година.

Домашна поддршка:
HERZEL (Live)
[Other Heights / Dubwax / Parallel]

MARTCHIN
[Electrified Sessions / Btkrsh]

Петок, 18 Јули 2014