Никола Ризов

nikola-rizov
Во 1992 се вљубува во хаус и техно, купува грамофони и почнува да собира плочи, а денес е сеуште заглавен со не помала страст во варијантите и подваријантите на секогаш еволутивната електронска музика. Неговиот сет претставува флуиден и енергичен микс од ритам, бои и звуци, зачинет со неизбежна доза на имагинација. Еден од првите македонски диџеи кои што безрезервно ја подржуваа оваа музика и ја промовираа низ цела Македонија со “full time” посветеност од самиот зародиш.

Бил резидент диџеј во многу клубови и настапувал низ цела Македонија, Србија, Словенија, Босна, Бугарија, Албанија,  а има настапувано и на многу фестивали, мегу кои и на “EXIT 2001” во Нови Сад. Водел и свои авторски радио емисии за електронска музика како “Fresh Cut” на А1 Радио (1997) и микс шоуто “Електронски Автопат” на “City Радио” (2002).

Во јануари, 2002 година беше избран за “најдобар диџеј во Македонија” од страна на читателите на најтиражниот тогашен неделник во Македонија – Антена (Дневник). Имал безброј проекти меѓу кои се “Фрагментс” и “Емотиф” забавите во Скопје и вечерите конципирани под име “Bang Box” чија цел беше промоција на водечките диџејски имиња од македонската сцена низ цела Македонија.

Примарен фокус му е диџејството, а одговорен е и за голем број врвни настани со домашни и странски диџејски имиња. Одговорен е за гостувањето во Македонија на: Dimitri, Juan Atkins, Mr.C, Nathan Coles, Bushwaka, Deetron, Stacey Pullen, Ben Sims, Mark Broom, Stephan Grieder(Airfrog), Aril Brikha live, Jack De Marseille, Los Hermanos live и редица други диџеи и артисти од целиот свет.

May The Tech-Funk BE with YOU… !