B.Boy

b.boyЈордан Николов (a.k.a B.Boy, DJ Yo!Rdan) е писател / колумнист, dj и freerider кој живее и твори во Битола. Од 2003 членува и како turntablist во групата „Љубојна“ со која има настапувано насекаде низ Македонија, како и на фестивали во Франција, Словенија и Грција. Мрази жанровски обележја, стеги и етикети толку популарни и посакувани до името на dj-от, така што во сетовите сака покрај публиката и самиот себеси да се изненади со изборот на музика па ефектот кој секогаш на настап се обидува да го постигни е своевидно сурфање врз моменталната атмосфера и енергија на публиката кое музички можи да замини во секоја можна насока.