Журка на покрив во Битола?

Rooftop-Party
Асоцијација 615 веќе неколку пати се обиде да контактира со куќните совети од неколку згради во Битола кои исполнуваат безбедносни и технички услови да се организира ваков настан, но никогаш не наидовме на разбирање од станарите и куќните совети поради стереотипите кои ги имаат за електронската музика, но и поради ,,чудниот“ тип на настан.

Ако мислите дека на покривот од некоја зграда во градот е можно да се издејствува и да се контактира со разумни луѓе кои имаат разбирање за потребите на младите, слободно исконтактирајте не, па  да преземеме акција.

За пример го земаме Reworks фестивалот кој е еден од најрепрезентативните фестивали за електронска музика во соседна Р. Грција. Секоја година изобилува со line up кој нуди широк спектар на различни стилови музика, а исто така препознатлив е и по локациите каде се одржува фестивалот (Покриви на згради, запуштени фабрики, железничка пруга и т.н.)

Еве на кратко како изгледаше настапот на Maceo Plex на покрив од зграда т.е. на покривот од хотелот Мет во центарот на Солун во 2012 год.

Кој не би сакал да дочека вакво зајдисонце? 🙂

Бонус линк- траката што свири во позадина – Cajmere – Percolator (Jamie Jones Vault Mix)